Модриќ и компанија дадоа ветување: Ако го освоиме СП, тогаш сите…

modric

Хрватите и понатаму го слават огромниот успех и историскиот пласман во финалето на Светското првенство во кое силите ќе ги одмерат со стариот добар познаник селекцијата на Франција.

Ова за „коцкестите“ ќе биде голем предизвик, шанса за резултат кој ќе го паметат генерации и ќе стои во фудбалските читанки, но ќе имаат пеколно тешка задача да се справат со „воините“ на Дидие Дешамп кој на целиот овој шампионт играат сигурно и без грешки доаѓаат до посакуваните резултати.

Како ќе биде финалето и исходот од истото ќе дознаеме во недела, но воедно знаеме што ќе направат Хрватите ако успеат да го подигнат трофејот.

-Ќе ги офарбаме косите, јас и целиот тим, Многу сме среќни, цела Хрватска е на нозе, а таа среќа тие ја заслужуваат, -порача капитенот на екипата, Лука Модриќ.

Facebook Коментари