Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Модриќ испрати порака: Не се обидувајте да го сфатите ова (Фото)

Објавено

на

Реал Мадрид докажа дека знае да победува и без Модриќ, Крос и Касемиро во тимот, но иако не беа на теренот, трите легенди на „кралскиот клуб“ беа навивачи плус од крај аут линијата и даваа инструкции во лудилото кое настана на „Сантијаго Бернабеу“.

Карло Анчелоти им даде шанса на младите сили и Камавинга и Родриго го режираа неверојатниот пресврт против Манчестер Сити за пласман во големото финале, кое на големо го славеа и играчите кои обично се задолжени за вакви незаборавни сценарија.

Модриќ, Крос, Касемиро, Бензема и Винисиус го дочекаа последниот судиски свиреж стоејќи крај клупата за резерви, по што номарлно следуваше вистинска екстаза од емоции.

Карло Анчелоти заврши со солзи во очите по прегратката со својот син кој му е помошник, а прославата од теренот, се префрли и во соблекувалната на Реал.

Клубот сподели како изгледаше тоа, а Модриќ и Крос испратија интересни пораки преку социјалните мрежи како реакција на она што го доживеаја на спортски план.

– Ова е Реал Мадрид. Не се обидувајте да го сфатите ова, – порача Модриќ, а Крос употреби и вулгарен речник.

– Овој тим е е..на шега

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни