Модриќ имаше порака за Роналдо и Меси откако не беа дел од неговата ноќ за паметење

luka-infa

Лука Модриќ изминатава ноќ во Лондон го доби најпрестижното индивидуално признание во својата играчка кариера, како врв за сето она што го оствари во изминативе 12 месеци кои дефинитивно ќе бидат незаборавни за хрватскиот играч за врска.

Наградата „The Best“ има посебно значење бидејќи за истата гласаат сите капитени и луѓе кои постојано се дел од фудбалот, а тоа само докажува дека Модриќ беше за ниво подобар од сите изминатава сезона, засенувајќи ги и најголемите во последните десет години, Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Токму тие двајца беа и едни од најозборуваните за време на церемонијата во Лондон, а причина за тоа е фактот што не се појавија во англиската престолнина за да го проследат во живо крунисувањето на Хрватот. Лео и Кристијано добија жестоки критики за избегнувањето на овој важен настан, но ако Шукер и Капело беа посебно жестоки при своите изјави, Модриќ уште еднаш докажа дека е максимално приземјен, испраќајќи им срдечни пораки на двајцата.

– Роналдо е мој пријател, искрено, не ме вознемири неговото отсуство. Јас јас освоив наградата, но Кристијано и Салах се многу големи играчи, – истакна Модриќ кој во продолжение призна дека многу му е благодарен на Меси за тоа што му доделил дури пет бода како капитен на Аргентина.

– Навистина се израдував. Меси е еден од најдобрите играчи на сите времиња. Штета е што не беше вечерва со нас, но многу сум благодарен што гласал за мене и што ми доделил пет бода, – посочи Модриќ.

Facebook Коментари