Модриќ имал посебно барање до шоферот на автобусот во историското патешествие низ Загреб

modrik-obrakajnje

Хрватските фудбалери вчера беа пречекани како национални херои од своит сограѓани, а за невидената фешта во Загреб со големо воодушевување пишуваа и сите странски медиуми со оглед на фактот дека фудбалерите и стручниот штаб цели шест часа се пробиваа од аеродромот до плоштадот во главниот град.

Патешествието низ кое постојано добива поддрршка од речиси половина милион луѓе кулминираше со спектакуларна бакљада и премногу емоции на плоштадот во Загреб, а ова случување е топ тема во Хрватска и 24 часа по случувањата кои ќе се прераскажуваат со години.

Интересно, дел од вчерашниот настан била и Николина Жиљак која всушност имала за задача да ги вози фудбалерите во панорамскиот автобус, а оваа вечер таа за телевизијата „РТЛ“ откри дека капитенот Лука Модриќ имал едно посебно барање до неа.

– Лука Модриќ во еден момент ме запраша дали може да го вози автобусот. Јас го прашав дали јас можам да играм место него во репрезентацијата. Тој ми порача дека може, но јас сепак не му дадов да седне зад воланот, тоа беше моја одговорност, – низ смеа открива симпатичната Николина која вчера имаше задача да биде шофер на генерацијата која го направи најголемиот успех во историјата на хрватскиот фудбал.

Facebook Коментари