Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ го изрежира и најурнебесниот момент на „Ел Класико“: Смири се тато, јас сум надвор од теренот (Видео)

Објавено

на

blank

Лука Модриќ го изрежира најубавиот потег на „Ел Класико“ и со истиот ја потврди победата на Реал Мадрид, бидејќи хрватскиот фудбалски маестро со елегантните движења го легна на земја Нето, пред мајсторски да ја смести топката во мрежата на Барселона.

Хрватот беше резерва на големото „Ел Класико“ дерби и доби шанса од клупата, но доволни беа 20 минути за да го изрежира најдобриот момент на мечот, но исто така и најурнебесниот.

Фановите кои будно ја следеа голема пресметка можеби го забележаа моментот од 81-та минута, но оние кои го пропуштија, добија реприза од страна на суперталентираниот Родриго.

Имено, младиот Бразилец се подготвуваше да влезе во игра, а бидејќи стоеше крај аут линијата, успеа да го збуни Модриќ кој очигледно сметаше дека станува збор за играч кој е на теренот.

Лука ја додаде топката накај него, по што Барселона доби аут, а Родриго влезе во игра на местото на Асенсио.

– Смири се тато, се уште сум надвор од теренот……

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни