Поврзете се со нас

Европски првенства

Модриќ го израмни рекордот на Роналдо на ЕП

Објавено

на

foto:x.com/elchiringuitotv

Хрватска немаше добро отварање на Европското првенство во Германија каде во првата рунда забележа убедлив пораз од Шпанија од 3-0.

„Коцкестите“ ќе мора да поправат доста работи ако сакаат пласман во нокаут фазата, односно до таа цел ќе мора да дојдат со позитивни резултати против Албанија и Италија.

Меѓутоа вчерашниот меч иако не беше најдобар за Лука Модриќ, истиот му донесе историја затоа што се израмни со рекордерот Кристијано Роналдо по бројот на учества на ЕП.

Ова за Лука беше петти шампионат од кој беше дел со што стана само втор играч со вакво достугнување на собирите на најдобрите селекции на стариот континент.

Ама Роналдо набрзо се очекува одново да биде на врвот на оваа категорија, затоа што е дел од селекцијата на Португалија и ако заигра против Чешка тоа ќе биде шесто ЕП за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни