Поврзете се со нас

Шпанија

Модриќ добил необична понуда од Анчелоти, на потег е Хрватот

Објавено

на

Foto:twitter.com/realmadrid

Лука Модриќ не може да биде задоволен од минутажата која ја добива во првиот тим на Реал Мадрид оваа сезона, нешто што е целосен контраст на сите претходни сезони во кои беше вистински диригент на оркестарот во средниот ред.

Хрватскиот маестро има 38 години и нема да добие нов договор од Реал Мадрид за продолжување на играчката кариера на „Сантијаго Бернабеу“, но последната вест е дека добил необична и неочекувана одлука која може да го натера да го промени мислењето.

Модриќ имаше план да биде активен барем уште една сезона и подготвен е да го направи тоа и надвор од Реал Мадрид, меѓутоа ваквиот став може да се промени после интересниот предлог кој го добил од Дон Карло.

Анчелоти му доставил сериозна понуда на маса на фудбалерот кој неизмерно го цени, односно побарал да стави крај на играчката кариера и да се приклучи во неговиот стручен штаб.

Угледните медиуми „АС“ и „Марка“ ексклузивно ја пренесоа оваа информација и истата навистина е веродостојна со оглед на изворите кои ги имаат двата медиуми кога се работи за Реал Мадрид, па сега само се поставува прашањето „која ќе биде конечната одлука на Лука“.

Останува да видиме дали оваа понуда на Карло ќе го премисли Хрватот, или сепак ќе остане на првичниот план и ќе прифати понуда која ќе му овозможи активно да игра барем уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни