Поврзете се со нас

Македонија

МНР со реакција до УЕФА, бара корекција на објавената националност на Сејдини и Поповски

Објавено

на

Македонското Министерство за надворешни работи испратило реакција до УЕФА поради начинот на кој се претставени на официјалната интернет страница, претседателот и генералниот секретар на Фудбалската федерација на Македонија.

На официјалниот профил на ФФМ како една од членките на УЕФА, Муамед Сејдини и Филип Поповски се претставени како Северномакедонци, нешто што предизвика реакција од МНР.

Нашето Министерство очекува коригирање на грешката и соодветно користење на имињата за државата, државјанството и етничката припадност согласно Уставот на државата.

– МНР постојано води сметка за точната употреба на името на државата, државјанството и етничката припадност на граѓаните на Македонија. Како што сме реагирале соодветно до сите меѓународни медиуми, етнитети итн., кои погрешно употребиле било кој од наведените термини, така реагиравме и до УЕФА, барајќи коректна употреба на овие термини, согласно Уставот и личната карта на земјата во Обединетите Нации, велат од Министерството за надворешни работи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни