Поврзете се со нас

АТП

Многу нервоза и тензија: Ѓоковиќ спаси меч топка и стигна до 92. титула во кариерата!

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ со многу нервоза го преживеа тенискиот ураган наречен Себастијан Корда, кој иако го одигра најдобриот меч во кариерата, на крајот мораше да му подаде рака на српскиот тенисер.

Американецот пропушти огромна шанса да победи во финалето во Аделејд и да го изненади главниот фаворит за титулата, но не ја искористи својата меч топка во вториот сет и потоа мечот доби разврска каква што многупати сме гледале кога на теренот е Ноле.

Корда поведе со 1:0 во сетови откако ја доби дури седмата сет топка во тајбрејкот, а потоа при резултат 6:5 во вториот не ја искористи најголемата шанса за победа. Новак освои три поени по ред и ја спаси меч топката израмнувајќи на 6:6, по што беше далеку подобар во тајбрејкот.

Во тие моменти, беше јасно дека моментумот се врта на страна на Србинот, кој иако се мачеше и во третиот сет, на крајот успеа да се прибере и да го добие мечот во кој го избрка и својот брат од трибините.

Ѓоковиќ збесна во финалето и го избрка својот брат од трибините (Видео)

На крајот клучен беше брејкот во 10-от гејм од третиот сет за 6:4, па така Новак после три часа и 10 минути игра стигна до 92-та титула во кариерата, а ја запиша и 34-та победа во низа на австралиско тло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни