Поврзете се со нас

Шпанија

Многу емоции за соиграч на Димитриевски: Му предвидоа дека веќе нема да заигра фудбал, вчера постигна гол на „Месталја“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/valenciacf

Валенсија врза трета победа во низа на домашната „Месталја“ и јасно стави до знаење дека до самиот крај ќе се бори за опстанок во елитата, а вчерашниот натпревар против Леганес беше важен „шест бода“ поради тоа што играше против директен конкурент во долниот дел од табелата.

„Лилјаците“ се далеку од времето кога се бореа за највисок пласман во Ла Лига, но во најтешките моменти, навивачите се уште носат неверојатна енергија на домашниот стадион, на кој вчера падна и Леганес.

Валенсија победи 2:0 во натпревар во кој еден од головите постигна Муктар Диакаби, а фактот што токму стоперот се запиша во листата на стрелците направи да видиме посебно емотивна сцена на „Месталја“.

Диакаби се расплака по постигнатиот гол за 2:0 и не можеше да ги крие емоциите, сето тоа како резултат на тешкиот и макотрпен пат кој го мина во последната година.

Муктар во март минатата година заработи ужасна повреда на натпреварот против Реал Мадрид и ги скина сите лигаменти на коленото, по што имаше претпоставки и предвидувања дека веќе никогаш нема да заигра фудбал.

Диакаби со голема волја и напорна работа ги занемари таквите типови и направи се за да се врати на теренот, а вчера после точно 11 месеци постигна гол кој ја потврди важната победа за Валенсија во Ла Лига.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни