Поврзете се со нас

НБА

Многу емоции во Сан Франциско: Голден Стејт се збогуваше со „брате“ Милојевиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ScottStrazzante

Голден Стејт Вориорс ја победи Атланта Хокс со 134:112 во првиот меч на поранешниот НБА шампион по смртта на Дејан Милојевиќ.

Милојевиќ имаше срцев удар за време на тимската вечера во Солт Лејк Сити и иако беше пренесен во болница тој не ја издржа оваа борба. Неговото заминување остави голема празнина кај голем број на луѓе, па имаше многу емоции рано утрово во Сан Франциско.

Пред самиот старт на средбата имаше церемонија во чест на Деки, церемонија во која говореше тренерот Стив Кер. Присутни беше и најблиското семејство на Србинот, сопругата Наташа и децата Маша и Никола кои не можеа да ги задржат солзите исто како и голем број од играчите.

Беше интонирана српската химна, играчите носеа дресови со презимето Милојевиќ, претходно на загревањето носеа и маички „Брате“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни