Поврзете се со нас

Шпанија

Многу емоции: Суарез не можеше да ги сокрие солзите на „Ванда Метрополитано“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Луис Суарез мина само две години во Атлетико Мадрид, но и тоа беше доволно за да стане вистински миленик на навивачите без разлика на тоа што претходно шест сезони играше за Барселона.

Уругваецот вчера против Севилја го имаше својот последен меч на „Ванда Метрополтано“, а по напуштање на теренот тој не можеше да ги сокрие солзите по аплаузите и овациите од поддржувачите на „душекџиите“.

Ветеранот за кого се уште нема информација каде ќе ја продолжи кариерата беше емотивен и по средбата каде прошета заедно со своето семејство.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни