Поврзете се со нас

АТП

Многу емоции и солзи на Централниот терен на Вимблдон во чест на Мари, во прв ред беше и Ѓоковиќ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Енди Мари не можеше да се прости од Вимблдон во сингл конкуренција, но затоа реши да игра во двојки и да се прости од својот омилен турнир играјќи на теренот.

Енди и неговиот брат Џејми вчера загубија во тесен меч од двојката Хиџиката-Пирс, а по крајот на мечот, сосема очекувано се беше во знакот на познатиот Сир Енди.

Домашниот тенисер уште еднаш ќе излезе на теренот во микс-двојки подоцна оваа недела (игра заедно со Радукану), но организаторот на турнирот реши да му оддаде признание за последнто учество на Вимблдон по мечот во кој играше со неговиот.

Многу големи познати тениски ѕвезди беа дел од церемонијата и еден од оние кои беа во прв ред беше и Новак Ѓоковиќ, тенисерот кој го познава Мари од најмала возраст.

Емоциите и солзите беа неизбежни на трибините, а Енди кој херојски се бореше со тешки повреди изминативе неколку години, призна дека најавеното повлекување му е најтешка одлука во животот.

– Многу е тешко да се стои тука и да се зборува. Сакам да продолжам да игра, но едноставно не можам. Физички стана пренапорно за мене. Ако се прашувам само јас и ако размислувам со срце, ќе играм тенис засекогаш, тоа е спортот кој го одбележа мојот живот, – изјави Мари кој двапати во својата кариера го освои Вимблдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни