ММА борба за паметење: Двоен нокдаун и нокаут за 20 секунди (Видео)

mma1

На регионалното ММА натпреварување во Бразил се случи ретко видена ситуација, надополнета со агресивниот старт на двајцата учесници.

Жоргињо Филјо и Кемеј Дос Сантош ја започнаа својата пресметка многу агресивно и во првите десет секунди си зададоа такви удари што и двајцата беа во нокдаун. Дос Сантош очигледно мина подобро, побрзо се врати од незгодната ситуација, по што со уште еден силен удар дефинитивно го нокаутираше својот противник за победа за која му беа потребни 20 секунди.

Според специјализираните медиуми кои го следат овој спорт, ова е само трета борба во која имало двоен нокдаун и нокаут веднаш потоа.

Facebook Коментари