Поврзете се со нас

Свет

МЛС потврди дека Интер Мајами ги прекршил правилата со трансферот на Матуиди

Објавено

на

МЛС денес официјално соопшти дека новиот член Интер Мајами ги прекршил правилата со ланскиот трансфер на Блас Матуиди од Јувентус.

Самиот трансфер не е спорен, туку сумата која клубот од Мајами му ја доделил на францускиот фудбалер, со што Матуиди станал четврти „специјално назначен“ фудбалер во лигата каде се дозволени тројца вакви фудбалери за секој клуб.

Овие „назначени“ фудбалери се важни бидејќи нивните плати не се вклучени во официјалниот селари-кап, а правилото за ограничување на тројца такви фудбалери беше донесено по пристигнувањето на Дејвид Бекам во Л.А Галакси во 2007 година.

Токму Бекам е косопственик на Интер Мајами, а МЛС не соопшти каква санкција ќе добие овој клуб.

Во новата сезона, Матуиди е еден од тројцата „специјално назначени“ фудбалери заедно со Гонзало Игуаин и Родолфо Пизаро, при што Интер Мајами мораше да се ослободи Матијас Пелегрини кој замина на заем во второлигашот Форт Лодердејл.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни