Свет
МЛС планира да се синхронизира со европските фудбалски лиги
Раководството на МЛС повеќе од било кога размислува за менување на натпреварувачкиот календар и негова синхронизација со тој на европските национални првенства.
Комесарот Дон Гарбер им открил на медиумите дека разговара со соработниците на МЛС околу ова прашање, но сепак истото бара посебна внимателност и сигурно ќе треба дополнителен период пред да биде донесена конечната одлука.
Сезоната во МЛС е во една календарска година, односно од февруари во декември, додека во Европа се игра од август до мај, а разликите создаваат повеќе проблеми за американската професионална лига.
Покрај проблемите за ангажирање фудбалери, МЛС клубовите мора да ги ослободат своите играчи за летните турнири во организација на ФИФА, а плејоф фазата се губи во медиумите поради НФЛ, МЛБ и натпреварите во НБА.
– Промените се комплицирани бидејќи работиме во три различни временски зони, со различни климатски услови и низ целиот континент. Секоја промена мора да биде многу издржана, – изјавил Гарбер.
МЛС размислува и за промени во структурата на поделба, во која би се вметнале дивизии по примерот на другите професионални американски лиги, како и во однос на промена на форматот на плејофот.
-
Светски првенства13 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија18 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија12 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства13 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Италија22 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија24 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Германија18 часа
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)