Свет
МЛС клуб стана нов сопственик на клубот на Бабунски
Американскиот клуб Лос Анџелес ФЦ од вчера и официјално е сопственик на мнозинскиот пакет акции во швајцарскиот клуб Грасхопер.
Клубот во кој настапува нашиот репрезентативец Дориан Бабунски имаше многу финансиски проблеми во минатото, а досегашниот сопственик, кинеската бизнисменка Џени Ванг решила да го отстапи своето место на американската фудбалска франшиза.
Лос Анџелес веќе инвестираше во австрискиот тим Вакер, има клуб во Уругвај, младинска академија во Гамбија и соработка со Баерн Минхен, па со Грасхопер само го зголемува присуството на другите континенти. Истовремено, Грасхопер се оддалечува од соработката со Вулверхемптон чиј сопственик е Гуо Гуанчанг, инаку сопруг на Ванг.
Тимот на Бабунски во моментов е на осмото место во лигата со дванаесет екипи, иако зад себе има богата историја со 27 шампионски титули во својата земја.
Меѓу проектите кои фановите очекуваат да бидат реализирани е изградба на нов сопствен стадион, бидејќи Грасхопер во моментов дели ист стадион со градскиот ривал Цирих.
-
НБА22 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија12 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Италија21 час
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија21 час
Лука Тони: Toa не е добар знак за Јувентус…
-
НБА24 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)
-
НБА11 часа
Јокиќ нанижа уште еден трипл-дабл, ЛеБрон ја доби шутерската пресметка со Кари
-
АТП12 часа
Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината, па и самиот го сподели на социјалните мрежи (Видео)