Поврзете се со нас

Свет

МЛС клуб му продаде напаѓач на Палмеираш за клупски трансфер рекорд

Објавено

на

Фото: https://x.com/opencup

Клубовите од МЛС инвестираат сериозни суми во докажаните ветерани кои најчесто доаѓаат од европските клубови, но истовремено напредуваат и во однос на скаутингот и откривање на млади таленти, од кои подоцна добро профитираат.

Таков е примерот со продажбата на Факундо Торес од Орландо во редовите на Палмеираш, за што МЛС клубот ќе постави нов клупски трансфер рекорд.

Орландо го доведе Торес од Пењарол во 2022 година, фудбалерот постигна 47 голови на 123 натпревари, за две години подоцна да биде продаден во Палмеираш за 14 милиони американски долари.

Тоа е двојно поголема сума од која тимот од Флорида ја плати пред две години за Торес, фудбалерот кој во меѓувреме стана и најдобар стрелец во историјата на клубот.

Заминувањето на Торес значи и дека Орландо ослободува место за фудбалер кој може да потпише под посебни услови, односно со поголем трансфер и плата во однос на останатите играчи во ростерот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни