Одбојка
Младите „спартанци“ почнуваат своја историја со Балканијадата

Одбојкарската репрезентација на Македонија за играчи до 20 години денеска ги заврши подготовките за настап на Балканијадата што ќе се одигра од 6 до 10 септември во Тирана.
Селекторот Ванчо Санев во текот на јуни работеше со кадетите до 16 години кои играа на Балканијата во Нови Сад, а во август работеше со младинците, кои треба во иднина да им се придружат на сениорите кои испишуваат нова одбојкарска историја во Македонија.
– Тука веќе имаме изградени играчи, кои за разлика од кадетите имаат веќе респектабилно искуство и не очекувам да имаат трема. Ова е генерација на играчи од 2003 година и помлади, а меѓу нив има четири кои што се на поширокиот список на „А“ селекцијата: Стојче Арсов (Вардар), Михајло Миравчиев (УГД Штип), Кристијан Андовски (Борец) и Блертон Бафтијари (Шкендија). Работевме две седмици со поширок список на кој имаше 16 имиња, но ова беше нивен прв собир и најтешко ми беше да донесам одлука на кои двајца играчи нема да сметам за време на Балканијадата,- вели селекторот Санев.
Во пресрет на Балканијадата предвиден е еден контролен натпревар со Косово, а потоа од таму репрезентацијата ќе продолжи за Албанија.
– Првично имаше повеќе пријавени репрезентации, но некои се откажаа. Црна Гора на пример играше на европското првенство, па одлучи да не биде дел од Балканијадата. Романија се пријави па откажа, а Грција воопшто не пријави екипа. Ние според ждрепката требаше да бидеме во група со Албанија, Косово и Турција, поради што верував дека можеме да се бориме за едно од првите две места кое натаму води во борбата за медали. Но, откако во другата група се повлекоа некои учесници, ние ќе играме во таа група, каде што се Србија и Бугарија. Гледано низ призмата на нивните резултати во другите категории, тие важат за фаворити на хартија, но нема да се предадеме без борба. Како што реков, за оваа селекција ова е прв собир и очекувам во иднина да имаат уште повеќе настапи и да станува подобра, бидејќи тоа е клучот на успехот за младите национални тимови,- додава селекторот.
За настапот на Балканијадата, одбојкарите ќе бидат поддржани од „Реморкер“, македонскиот спортски бренд кој е нивен официјален поддржувач и го дизајнираше и изработи националниот дрес во оваа пригода.
-
Евролигапред 17 часа
Антиќ дочекан со овации и аплаузи од навивачите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…
-
Светпред 14 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа
-
Светпред 23 часа
Руди Гарсија: Утката на Роналдо беше клучен момент на натпреварот (Видео)
-
Евролигапред 12 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
АТПпред 20 часа
Ѓоковиќ го коментираше испадот на неговиот татко: Сме поминале низ војни, знаеме..