Македонија
Младите „штркчиња“ му ја донесоа првата победа на легендарниот Блажевски
Откако минатата недела сериозно го испотија Работнички, младите „штркчиња“ денеска му ја донесоа првата победа на легендарниот Перо Блажевски како тренер во македонската кошаркарска елита, откако вториот тим на МЗТ Скопје оствари победа против Ангели.
Во единствениот натпревар од Првата лига кој се играше денеска, младите играчи на МЗТ покажаа сила против тимот на Ангели кој е дебитант во најсилното друштво, па ако се суди според стартот, кошаркарите на Блажевски ќе имаат што да понудат во штотуку започнатата сезона.
По првиот пораз кој го претрпе минатата седмица, Блажевски денеска се израдува на првиот триумф во новата прволигашка кампања, а притоа немаше воопшто стресни ситуации во самата завршница.
МЗТ Уни Банка победи со сигурни 90:73 во натпреварот во кој Митевски постигна 18 поени, а Рансон уфрли 17 во домашниот тим.
Кај противниците, Мендерсон беше најефикасен кај Ангели, а воедно и најдобар поентер на паркетот.
-
Шпанијапред 5 часа
Две ѕвезди на Реал „уловени“ во отворена дебата: Халанд е подобар од Мбапе (Видео)
-
АТПпред 17 часа
Медведев со невкусен коментар за тенисот како спорт: Ракети одат во вселената, а ние…… (Видео)
-
Балканпред 24 часа
Инфантино го осуди насилството по мечот Трабзонспор-Фенербахче
-
Италијапред 17 часа
Ачерби се огласи за расистичкиот скандал кој предизвика потрес во Италија: Знам што сум кажал на теренот
-
Шпанијапред 23 часа
Левандовски посочи што се крие зад подобрите изданија на Барселона: Во последните недели…
-
Англијапред 20 часа
Уште еден премиерлигашки клуб заврши со казна и одземени бодови, битката за опстанок станува „пеколна“ (Фото)
-
ВТАпред 4 часа
Трагедија во Белорусија: Почина момчето на Сабаленка, фановите шокирани од тажната животна приказна на тенисерката (Фото)
-
Светпред 22 часа
Ѕвездите на Реал влегоа во клинч, Љуљ со еден потег покажа лидерство (ВИДЕО)