Младите селекции ги добија противниците во квалификациите за ЕП

u-19 duel

Македонските селекции до 17 и 19 години ги добија противниците за квалификации за пласман на Европските шампионати.

Националниот состав до 17 години на извлекување во Нион ги доби репрезентациите на Германија, Полска и Малта. Квалификацискиот турнир за пласман во Елитната фаза ќе се одржи во Малта од 7. до 13. октомвринаредната година година.

Од друга страна репреентацијата до 19 години ќе игра во групата 5 со Чешка, Данска и Албанија во квалификациите за пласман во Елитна фаза за Европско првенство. Домаќин на турнирот ќе биде Чешка од 7. до 10. октомври 2020 година.

-Групата во која се наоѓаме не е најтешка, но ниту наивна. Противниците се доста сериозни и навистина треба добро да се подготвиме доколку сакаме да минеме во Елитна фаза квалификации. Ќе ја бараме својата шанса, а целта е да бидеме меѓу двете најдобри репрезентации кои ќе обезбедат место во следната фаза за Европско првенство, -порача селекторот Шкумбин Арслани.

Facebook Коментари