Поврзете се со нас

Репрезентација

Младите репрезентативци со победа на последната средба пред домашната публика против Ерменија

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија до 21 година славеше победа против Ерменија (3:1) во претпоследниот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство за млади играчи.

Избраниците на Драган Каналтаровски до победата стигнаа по пресврт откако гостинската репрезентација поведе уште во 9. минута со голот на Симонјан.

Нашите репрезентативци брзо се созедоа од шокот и во 22 минута преку Методи Максимов израмнија на 1:1.

На головите вредни победа се чекаше до самиот финиш на средбата која се играше на тренинг центарот на ФФМ во Аеродром. Најпрво Илиевски во 85. минута погоди за 2:1, за печат на натпреварот да стави Сефер Емини со гол од белата точка.

Македонија има уште еден натпревар во квалификацискиот циклус и истиот ќе го игра против Украина во Истанбул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни