Младите Италијанци ќе останат без селектор

Di Biagio

Репрезентацијата на Италија до 21 година доживеа елиминација уште во групната фаза на Европското првенство кое се одржува во нивната земја, а тој неуспех како што сега стојат работите ќе донесат промени на селекторската позиција.

Според информациите на повеќе медиуми на Апенините, актуелниот предводник Луиџи Ди Бјаџо ќе си поднесе оставка и тоа истото ќе го соопшти на пресконференција. Ова значи дека младите „аѕурите“ по 2013 година ќе добијат нов предводник, а пак за Ди Бјаџо останува да видиме дали ќе остане да извршува некаква фукција во италијанската федерација со оглед на тоа што од 2011 е активен, прво ја водеше селекцијата до 20 години, потоа до 21, а едно време привремено беше на чело на сениорите.

Facebook Коментари