Билијард и Снукер
Младите го преземаат врвот: Василевски и Ѓурчиновски славеа на шестиот „мастерс“ во билијард

Во Струмица се одржа шестиот од предвидените седум турнири од националното првенство во билијард (А – лига), а на него славеше Христо Василевски како најдобар меѓу 16 најдобри играчи од Македонија.
Мечевите се играа во дисциплината „деветка“, а во финалето 22-годишниот Василевски го совлада долгогодишниот „број 1“, Дејан Сипковски. Третоплассирани беа Флорим и Премтим Мемеди, кои во полуфиналето беа поразени од првите двајца.
Натпреварите од Б-лигата се играа во Скопје, а победи 12-годишниот Андреј Ѓурчиновски кој летово ја претставуваше Македонија на Европското првенство за млади во билијард. За да стигне до победата на овој турнир ги надигра првите три играчи во генералниот пласман од Б-лигата, при што во финалето беше подобар од Никола Димески. На третото место се најдоа Димитар Георгиески и Златко Ицановски.
Согласно пропозициите, најдобрите четири играчи од Б-лигата ќе напредуваат во А-лигата на местата на најслабо пласираните учесници. Меѓу оние што имаат високи аспирации е уште еден младинец, 14-гдишниот Илија Димовски, којшто на овој турнир исто така даде голем отпор против најдобрите иако ја игра дебитантската сезона. Билијардот во Македонија доживува експанзија и се активираат играчи од повеќе градови, односно покрај Скопје најзастапени се оние од Прилеп, Битола, Тетово, Струмица, Велес и Кавадарци.
До крајот на годината предвидено е да се одржи последниот „мастерс“ на 5 и 6 ноември, а претходно треба да се одржи и Изборно собрание на Билијард федерацијата.
-
Балканпред 24 часа
Ливаковиќ пред трансфер на кариерата, Чачиќ се жали: Тој е најдобар голман, откупната клаузула е прениска
-
АТПпред 18 часа
Вимблдон ја повлече забраната за тенисерите од Русија и Белорусија
-
Италијапред 15 часа
Палјука му предлага на Интер да го продаде Онана и да ангажира конкретна замена
-
Францијапред 23 часа
Евра со две реченици објасни зошто ПСЖ никогаш нема да ја освои титулата во ЛШ
-
Англијапред 16 часа
Паратичи се повлече од функцијата во Тотенхем
-
Германијапред 20 часа
Тухел за начинот на кој добил отказ од Челси: Тоа беше шок!
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола за настапот на Халанд против Ливерпул: Животот носи ризици…
-
Италијапред 18 часа
Инѕаги отпиша тројца играчи за утрешното дерби, но е среќен поради формата на Лукаку