Поврзете се со нас

Свет

Младиот Стеван ја загуби најважната битка: Србинот Јеловац почина во болница во Белград

Објавено

на

Три седмици по страшниот инцидент кој се случи на тренингот на АЕК, грчкиот тим за жал денеска информираше за најлошата вест, односно потврди дека кошаркаркот Стеван Јеловац починак како последица на мозочниот удар.

Србинот ја загубил свеста на 14-ти ноември за време на тренингот на грчкиот тим и успеал да биде реанимиран од страна на лекарите, но неговата состојба се водеше како критична и тој се бореше за својот живот откако беше префрлен во болницата во Белград.

За жал, вечерва пристигна најнепосакуваната вест за кошаркарското семејство, во која се вели дека Јеловац сепак не ги надминал проблемите и починал во болницата во која бил сместен по барање на семејството.

Јеловац ја загуби најважната битка на 32-годишна возраст, а ќе остане запаметен како српски репрезентативец кој дебитираше за најсилниот тим на 28 години.

Одигра вкупно 11 натпревари за најсилниот тим на „орлите“, додека во клупската кариера ги бранеше боите на Мега, Црвена Звезда, Анталија, Казета, Сарагоса, Ритас, Нижни, Бамберг и Газијантеп пред да заигра за АЕК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни