Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Младиот Родриго ги казни утките на Интер, Ливерпул и Баерн немилосрдни во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Реал Мадрид и Интер одигра фантастична дерби пресметка во шпанската престолнина која понуди голема возбуда, но која на крајот му донесе радост на домашниот тим, а ги фрли во очај гостите од Италија.

„Кралевите“ беа максимално ефективни во првото полувреме и поведоа со 2:0, најпрво по големата грешка на Ашраф Хакими кој му ја подари топката на Бензема, по што следеше јубилеен 100-ти гол на Серхио Рамос. Интер не се предаде и благодарение на сензационалната комбинација меѓу Барела и Лаутаро намали на 2:1, со што имавме гаранција дека ќе гледаме неизвесно второ полувреме.

Во истото, Интер израмни на 2:2 преку Перишиќ во 68-та минута, а после тоа, следеа неколку опасни контри на гостите кои за нивна несреќа, не беа реализирани. Интер пропушти златна шанса да направи пресврт, а за тоа беше сурово казнет во 80-та минута, кога младиот Родриго се најде на вистинско место за 3:2.

Овој резултат на крајот се покажа како конечен за прва победа на Реал во групата, додека Интер останува на дното со освоени два бода по три одиграни меча.

На останатите средби во Европа, Баерн Минхен наиде на сериозен отпор од Салцбург до 66-та минута, но во завршницата беше немилосрден и на крајот славеше со 2:6. Левандовски постигна два гола, Сане, Ернандез и Боатенг по еден, додека Кристенсен си постигна автогол. Стрелци на головите за Салцбург беа Бериша и Окугава.

Слично по рецептот на Баерн, Ливерпул ја декласираше Аталанта на гостувањето во Бергамо, на кое избраниците на Јирген Клоп славеа со 0:5. Диого Жота беше херој со хет-трик, а по еден гол постигнаа и Салах и Мане.

Во Манчестер, Сити лесно се справи со Олимпијакос и славеше со 3:0, Ајакс славеше во Данска кај Митјиланд со 1:2, додека Порто на домашен терен го надигра Марсеј со 3:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни