Франција
Младиот Камавинга открил каде сака да игра: Го сака тој клуб…
Младиот и талентиран фудбалер на Рен, Едуардо Камавинга ќе биде еден од најбараните играчи во летниот преоден рок.
Иако има само 17 години, Камавинга беше редовен во дресот на францускиот тим, а со своите одлични настапи го привлече вниманието на бројни европски гиганти.
За Камавинга се интересираа Барселона, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, а извор близок до фудбалерот за шпанскиот медиум „АС“ потврдил каде сака да игра играчот.
– Го сака Реал Мадрид и многу му се допаѓа Зинедин Зидан како тренер, -кратко открил изворот близок до играчот за „АС“.
Камавинга е првиот фудбалер роден во 2002 година кој доби шанса да заигра во најдобрите пет лиги во Европа.
Играчот од средината на теренотима договор со Рен до 2022 година, но јасно е дека францускиот клуб нема да му стои на патот доколку со понуда се појави некој од гигантите кои се споменуваат како заинтересирани за играчот.
-
Англија15 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Македонија3 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија10 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија16 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија14 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Македонија13 часа
Митревски го најави вечното дерби против Вардар: Победникот ќе направи важен исчекор кон титулата
-
Италија12 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)