Младиот Фати го „поздрави“ Интер, Валенсија го исфрли Ајакс од ЛШ (Видео)

perez

Екипите на Интер и Ајакс не успеаа да се пласираа во нокаут фазата на Лигата на шампионите, односно вечерва претрпеа порази од Барселона и Валенсија, а тоа значеше елиминација од елитното натпреварување.

Интер на „Џузепе Меаца“ загуби од шпанскиот првак со 2-1 и на тој начин втора година по ред пропушта шанса пред своите гледачи да обезбеди влез во следната фаза во ЛШ. Минатата кампања имаа „зицер“ со ПСВ, а пак вечерва не најдоа решение за комбинираната Барселона која настапи без голем број на првотимци.

Перез стрелаше за водство на гостите, Лукаку израмни на 1-1 за да во 87 талентираниот Фати ги постави конечните 2-1. Со ова Фати стана најмладиот играч кој постигнал гол во ЛШ.

Дортмунд го искористи киксот на „нероаѕурите“ и со славјето од 2-1 над Славија Прага дојде до место меѓу најдобрите во најквалитетната конкуренција.

Ајакс пак загуби од Валенсија со 1-0 во Амстердам, а тоа значеше крај на настапот во ЛШ. Родриго беше автор на погодокот вреден победа за „лилјаците“ кои како првопласирани ја завршија групата Х во која Челси беше очекувано подобар од Лил со 2-1.

Facebook Коментари