Поврзете се со нас

Боречки спортови

Младиот Аземи доби награда од боксерската Федерација за бронзениот медал во Будва: Сакам успех и на СП

Објавено

на

Боксерската Федерација на Македонија одлучи да го награди Ардијан Аземи со 2 илјади евра и дополнително да го мотивира по она што го направи на Европското првенство во Будва, на кое македонскиот младинец успеа да освои бронзен мендал во конкуренција на свои врсници.

На денешната прес-конференција која беше одржана по повод големиот резултат на македонскиот боксер, присутен беше и неговиот тренер Насер Харуни кој пак доби парична награда од 60 илјади денари од страна на Федерацијата.

– И благодарам на федерацијата што ми овозможи да учествувам на Европското првенство, направив се да забележам успех. Се надевам дека ќе бидам уште подобар во иднина и следната година, а особено на Светското првенство каде сакам најмалку да го повторам успехот од Будва, – изјави Аземи на пресот.

– Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме, – изјави тренерот Харуни.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни