Младинецот на Ливерпул ја повтори прославата на Торес откако го здрви Јунајтед со страшен гол на „Олд Трафорд“ (Видео)

wilson-old

Дерби Каунти направи огромно изненадување во третото коло на Карабао купот, откако го елиминираше големиот Манчестер Јунајтед на гостувањето на „Олд Трафорд“.

Тимот предводен од Френк Лампард направи пресврт по негативата од 1:0 и подоцна славеше на пенали, но сето ова всушност го најави младинецот на Ливерпул кој настапува во Дерби како позајмен фудбалер. Хари Вилсон постигна страшен гол од слободен удар и само го навести она што подоцна се покажа како неизбежно за играчите на Јунајтед, но младиот играч за врска посебно го привлече вниманието и со својата прослава.

Вилсон ја повтори легендарната прослава на Фернандо Торес во дербито со Јунајтед кога настапуваше за Ливерпул, а тоа наиде на воодушевување кај фановите на клубот од „Енфилд Роуд“.

tores-o;d

wilson-old1

Facebook Коментари