Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинците уште еднаш загубија од Црна Гора

Објавено

на

foto: kfsm.mk/

Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години доживеа пораз и на вториот контролен меч против Црна Гора во Подгорица.

Вчера четата на Смилковски беше надиграна со 66:55, додека пак денеска разликата беше повисока и Црногорците славеа со 73:58.

Ние повторно имавме „празни“, лоши минути во мечот кои не чинеа на крајот убедлив пораз.

И на ова соочување најефикасен наш играч беше Стојаноски со 15 поени, додека Симиќ и Шошкоќ реализираа по 12 кошеви.

Сега нашите таленти се враќаат во Скопје каде ќе ги продолжат подготовките за настапот на младинскиот Евробаскет во Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни