Поврзете се со нас

Европски првенства

Младинците тргнаа со убедлива победа на ракометното ЕП во Словенија

Објавено

на

Фото: Foto:facebook.com/rfmofficial

Македонската машка У-20 ракометна репрезентација победи на премиерниот настап на Европското првенство кое денеска започна во Словенија.

Македонските надежи предводени од селекторот Раде Стојановиќ, славеа над врсниците од Црна Гора со убедливи 31:21 и на посакуван начин го отворија настапот во Целје, каде издоминираа уште во првото полувреме.

Младинците имаа предност 12:5 во првите триесет минути во кои се играше поцврсто и немаше многу голови, а успеаја да стигнат и до повисока предност во продолжението, освојувајќи ги првите бодови во групната фаза.

Димитар Узунчев со право го доби приматот за МВП на средбата постигнувајќи 8 голови на овој натпревар, а зад него реализаторски беа Калајџиески и Субашески со по 5 погодоци.

Нашата репрезентација веќе утре има нов предизвик, односно дуел со Хрватска, која денеска загуби од Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни