Поврзете се со нас

Репрезентација

Младинците против добро познат противник ќе се борат за петтото место во Варна

Објавено

на

Машката младинска репрезентација на Македонија ќе се бори за пласман на петтото место на ЕХФ шампионатот во Варна (Бугарија).

Нашиот национален тим избори триумф на денешниот меч против Луксембург од 27-23. Со ова нашите надежи ги оставите зад себе поразите од Швајцарција и Романија и ќе имаат шанса да завршат на петтата позиција на овој турнир со тоа што за да го направат тоа ќе мора да бидат подобри од Украина.

Украинците ни се добро познат ривал затоа што со нив игравме на самиот почеток на шампионатот и резмизиравме 23-23.

Кога е во прашање денешната пресметка, Тотиќ со пет гола беше најпрецизен, додека голманот Брестовац имаше девет одбрани.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни