Младинците повторно немоќни: Нов дебакл за крај на настапот на ЕП во Португалија

tajm aut

Македонската репрезентација до 20 години доживеа висок пораз од Словачка во битката за 15. место на Европското Првенство – Б дивизија што се игра во Португалија.

Нашите млади кошаркари беа надиграни од Словачка со 87-52, противник кој тешко не порази и во групната фаза (64-46). Словаците ги добија сите четири периоди, а најрасположен за игра беше Батовски со 15 кошеви.

Во нашиот табор Михајлоски и Анастасов заедно уфрли 39 во вкупно 52 кошеви.

Facebook Коментари