Репрезентација
Младинците не ги користеа шансите, па загубија на гостувањето кај БиХ (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година не успеа да го повтори резултатот од гостувањето кај Полска и денеска е поразена од младинците на Босна и Херцеговина (2:1).
Избраниците на селекторот Драги Канатларовски одиграа уште еден пријателски натпревар и тоа на теренот на ФК Игман во Коњиќ, а домашната селекција максимално го искористила фактот што македонските фудбалери не искористиле многу добри шанси пред голот на противникот.
БиХ поведе во 10. минута преку Јагањац, а тој резултат останал до крајот на полувремето, за Бристриќ да го зголеми водството на домашната селекција во 72. минута.
Македонија единствениот гол го постигнала во судиското надополнување и тоа преку Фетаи, со што се поставени конечните 2:1.
Пред неколку дена, Македонија со истиот резултат 2:1 ја изненади Полска на гостински терен.
-
Италија7 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Италија8 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија9 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Англија8 часа
Нотингем ќе бара правни последици за Тотенхем поради најавениот трансфер на важен играч
-
Италија6 часа
Фурлани: Милан ќе освојува титули со Алегри и Таре
-
Балкан6 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Шпанија10 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Свет5 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!