Младинците на МЗТ Скопје ќе играат во АБА јуниор лигата

Junior ABA

Младинците на МЗТ Скопје ја започнува јадранската авантура во АБА лигата за кошаркари до 19 години пренесува АБА лигата на својата интернет страница. Како што се наведува во ова натпреварување ќе учествуваат 10 екипи кои ќе бидат поделени во две група, а македонски претставник ќе биде тимот на МЗТ Скопје.

Мзт ќе игра во групата А со Цибона, Црвена Звезда, Мега Бемакс, Морнар додека во групата Б ќе играат Цедевита, Будуќност, Игокеа, Партизан и Олимпија.

Натпреварите во групата А ќе се играат во Белград,натпреварите во групата Б ќе се играат во Загреб. На завршниот турнир  кој ќе се игра во Лакташи е предвидено да играат најдобрите две од секоја група.

Facebook Коментари