Младинците на МЗТ добро почнаа, лошо завршија: Една тесна победа и три високо порази во јуниорската АБА лига

Junior ABA

Јуниорите на МЗТ Скопје во Македонија се вратија со заработени три порази и една победа во младинската регионална АБА-лига. Тие на турнирот во Белград загубија со висока разлика од хрватска Цибона со резултат од 64:91, додека разликата беше помала со Мега Бемакс  88:67, а од домаќинот Црвена Звезда изгубија со 76:95.

Единствената победа кои ја зебележаа младинците на МЗТ беше на самиот почеток, на деби настапот во Аба лигата против црногорски Морнар со резултат од 86:82.

Од тоа што може да се заклучи, е дека пред младинците на МЗТ има уште работа за да дојдат на нивото на своите врсници од Хрватска и Србија.

Facebook Коментари