Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Младинците на Брера загубија во Сараево и го завршија настапот во ЛШ

Објавено

на

Foto:facebook.com/fkakademijapandev

Младинскиот тим на Брера Струмица денеска го заврши својот настап во квалификациите во Лигата на шампиони, откако за жал беа поразени на гостувањето во главниот град во Босна и Херцеговина.

По ремито на домашен терен со резултат 2:2 пред две недели, фудбалерите од Струмица денеска играа со желба да направат изненадување, но Сараево запиша победа од 2:0 и го елиминираше македонскиот претставник во квалификациската фаза на младинската ЛШ.

Брера Струмица како младински шампион на Македонија заслужено беше дел од елитата во квалификацискиот циклус, но момчињата на Ѓорѓе Стојчев ќе мора да почекаат нова шанса за подобри резултатите во иднина

Македонскиот тим успеа да одолева во првиот дел денеска во Сараево, но потоа прими два гола и го заврши својот настап во Европа.

Стрелци на головите за домашниот тим беа Игнатков и Хамзиќ, а Брера во вториот дел играше и со играч помалку поради исклучувањето на Игор Ристов поради два жолти картони.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни