Младинците го добија ривалот за битката за петтото место на СП

u 21

Ракометната репрезентација на Македонија до 21 година денеска со убедлив настап против Русија си обезбеди меч за петтото место на Светското првенство во Алжир.

За да бидеме во Топ 5 на светот останува само уште еден предизвик и тоа е селекцијата на Унгарија која ја доби пресметката со Тунис со 34-30. Младите Унгарци во двата периоди дадоа по 17 голови што беше доволно да слават во истите, а со тоа и на средбата.

Гер со 7 и Торок и Лигетвари со по шест гола беа најефикасни кај победниците.

Facebook Коментари