Шпанија
Млади момчиња бараа автограми од Гвардиола, тој им одржа животна лекција: Ова ли сакате да го правите во животот? (ВИДЕО)

Пеп Гвардиола многу добро знае колку важен дел од фудбалот се навивачите, оние кои се вашиот ветар во грб на сите натпревари, сите конкуренции низ сезоната, години.
Шпанецот секогаш со почит се однесувал кон фановите, барал секогаш максимално да бидат испочитувани и од играчите, да застанат да се фотографираат со нив, да им поделат автограми, спомен кој ќе го паметат, меѓутоа има такви кои претеруваат, фанови кои сакаат да заработат пари на ваков начин.
Имено неколку млади момчиња се појавија пред Гвардиола со повеќе предмети, дресови и бараа од менаџерот да им се потпише, ситуација која го налути предводникот на „граѓаните“, но и воедно добар момент во кој им одржа животна лекција.
-Не доаѓајте повторно, нема да потпишам, ви ги знам лицата. Одете на училиште и подгответе се, вие сте млади, немојте да бидете овде и да си го губите времето. Дали сакате да го живеете животот правејќи го ова? Искрено? Дали сакате да го поминете остатокот од животот правејќи го ова? Подгответе се подобро, по ѓаволите. Кои се твоите соништа? Вежбајте!, -порача Пеп.
Pep Guardiola telling autograph hunters to stop coming back and live your lives is superb 👏 pic.twitter.com/vuQnGAixBf
— george (@StokeyyG2) January 12, 2025
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија14 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија18 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија16 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА21 час
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП15 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија10 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)