Европски првенства
Млади херои: Македонија со победа над Австрија го освои Европското првенство во Скопје!
Јуниорската репрезентација на Македонија одигра турнир за паметење во Скопје, па по осум победи на осум одиграни меча, сосема заслужено го понесе приматот на европски шампион во Б дивизијата на кошаркари до 18 години.
Со вчерашната убедлива победа над Бугарија, македонските надежи обезбедија место во А дивизијата, но за ова патување во престолнината да биде уште понезаборавно се изборија избраниците на Горан Андреевски со победа во големото финале.
Во дуелот на двете непоразени селекции на натпреварувањето во Скопје, Македонија авторитативно дојде до победа против Автрија и славеше со 98:88, а триумфот го најави уште во втората четвртина која ја доби со 25:15.
Македонија ја загуби само последната четвртина во која имаше и опуштање поради обезбедениот триумф, кој носи престиж и освоен пехар за селекцијата до 18 години.
Во перфектниот пат до трофејот, Македонија забележа дури осум победи, бидејќи покрај Австрија, претходно ги нанижа и селекциите на Ирска, Босна, Чешка, Кипар, Украина, Португалија и Бугарија.
-
Светпред 17 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
Светпред 20 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
АТПпред 23 часа
Надал за Синер: Чистата совест му помогна да победи во Њујорк
-
Лига на шампионипред 23 часа
„Проектил“ кој не се брани: Кузмановски ја „скина“ мрежата од голот на Паличка (ВИДЕО)
-
АТПпред 14 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Италијапред 22 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
Светпред 21 час
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Италијапред 18 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…