Младеновски втор стрелец за Илирија

mladenovski

Македонскиот центар, Љубомир Младеновски беше еден од најпрецизните и најефикасни играчи на Илирија на денешното гостување кај Шенчур во последниот меч од првата фаза во словенечниот шампионат.

Бубе даде 12 поени (поефикасен од него беше само Шишко 16) со 6 скокови, меѓутоа неговиот тим го загуби овој натпревар благодарение на катастрофалната последна четвртија која противникот ја доби со 25-9 за конечни на крајот 91-79.

Дино Муриќ со дабл-дабл ефект од 20 поени и 11 скокови беше најистакнат поединец кај домаќините и на средбата.

Facebook Коментари