Младеновски се вклопи во сивилото на Илирија

bube ilirija

Македонскиот центар, Љубомир Младеновски и неговите колеги од Илирија одиграа лош натпревар и претрпеа катастрофален пораз од Хопси Полжела од 95-76 во словенечкиот шампионат.

Домаќинот на оваа средба беше подобар ривал, а тоа посебно го покажа во третиот период кој го доби со 33-16. Колинс со 23 и Чоп со 18 кошеви беа најефикасни во таборот на победниците, додека во составот предводен од Дончиќ прво име беше Шишко со 21 кош.

Нашиот Младеновски имаше учинок од 6 поени, 2 скокови, 2 украдени и 3 загубени топки за 10 минути на теренот.

Следен противник на Илирија ќе биде тимот на Лашко.

Facebook Коментари