Младеновски најдобар скокач против Олимпија

bube-ilirija-olimpija

Македонскиот центар и репрезентативец, Љубомир Младеновски со Илирија доживеа очекуван пораз од Петрол Олимпија во првенството на Словенија.

Олимпија го скрши отпорот на четата на Дончиќ во вториот дел за конечно славје на крајот од 89-66. Хроват со 19 поени, 8 скокови, 8 асистенции и Оливер со 17 поени беа најрасположени играчи кај победникот, додека Модриќ со 15 кошеви беше прво име кај Илирија.

Нашиот Младеновски беше најдобар скокач (8 скокови), запиша 1 асистенција и даде 6 кошеви.

Facebook Коментари