Поврзете се со нас

Репрезентација

Младеновски: Можеме да ја победиме Естонија со двоцифрена предност

Објавено

на

Репрезентацијата на Македонија ја очекуваат дуели со Италија и Естонија во квалификациите за Европското првенство, дуели кои ќе се одиграат во „балонот“ во Талин.

Ние се соочуваме со одредени проблеми особено со високите играчи, па ќе мора оние што се тука да дадат повеќе од 100 проценти затоа што само така може да се затвори рекетот и на вистински начин му се помогне на националниот тим.

Еден од тие играчи кои ќе имаат поголема одговорност е Љубомир Младеновски кој верува дека можеме да дојдеме до двоцифрена победа над Естонија, противник кој не совлада во Скопје со 81-72.

-Конечно по помало одложување во домашната првенство, почнавме пред две и пол недели со мојот клуб, Работнички во АБА 2 лигата, каде се играше по еден турнирски систем. Би се рекло, се собраа доста натпревари за кратко време. Завршивме пред неколку дена. Имавме и неколку дена да се одмориме, да се опоравиме. Сега ни е прв собир со репрезентацијата. Малку е тешка ситуацијата поради  вирусот, со оние тестирања, со заболени, моменти во кои не се знае ништо, ни кој ќе патува, во кој состав ќе бидеме во Талин. Овие неколку дена ќе тренираме тука, во Скопје. Во понеделник патуваме за Естонија. Позитивно е тоа што ќе бидеме неколку дена порано во Талин. И се надевам дека ќе имаме доволно време да се воиграме со новиот Американец и со Војдан. И со нив заедно во тимот да одиме на двоцифрена победа против Естонија, -вели центарот на Работнички кој додава:

-За Естонија знам повеќе, затоа што веќе игравме еден натпревар дома. Немаат некоја висока екипа, и играат доста брза кошарка. Тоа во овој момент можеби и ќе ни одговара, затоа што имаме дефицит на високите позиции. За средбата со Италија, немам некои детални информации. Знам дека резултатот им е во ‘втор план’. Дека играат со подмладен состав и дека покрај тоа, исто така биле квалитетни. Иако првиот натпревар ни е со Италија, лично мислам дека нашиот фокус треба да го поставиме на втората средба, со Естонија. За да се сконцентрираме на него, и да победиме со двоцифрена предност, и за да ни остават ‘живи’ шансите за пласман на Европското првенство, -порача Младеновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни