Младеновски и Илирија ја средија Крка

bube

Репрезентативниот центар, Љубомир Младеновски и неговата Илирија ја забележаа втората победа во словенечниот шампинат и тоа над Крка со 79-70.

Младеновски и компанија беа подобар ривал на паркетот, одиграа на повисоко ново, со поголема енергија и тоа донесе резултат. До овој резултат четата на Саша Дончиќ дојде со тимска игра, а најдобар доказ за тоа е што дури десет играчи се запишаа во листата на стрелци.

Само еден беше двоцифрен Шишко со 25 кошеви, додека пак нашиот Бубе беше еден од тројцата со по 9 поени (Вончина и Герм). Зад своето име поранешниот член на Работнички и МЗТ Скопје додаде 7 скокови и 2 украдени топки.

Facebook Коментари