Младеновски и Илирија го изненадија лидерот во словенечкиот шампионат

bube

Центарот Љубомир Младеновски и Илирија направија големо изненадување и славеа на гостински терен кај лидерот Приморска во словенечкиот шампионат.

Избраниците на Саша Дончиќ одиграа одлично прво полувреме, направија позитива од осум разлика (44-36), а истата беше доволна во продолжението за четврто сезонско славе во седмиот натпревар (72-70).

Нашиот Бубе беше на теренот 29 минути во кои постигна 9 поени (3/7 за два, 3/4 за еден), 5 скокови, 2 асистенции, изнуди пет фаули, но и поради пет прекршоци предвреме мораше да го напушти теренот.

Неговиот соиграч Шишко со 22 кошеви беше најефикасен на дуелот, Коси за Приморска даде 18 поени.

Facebook Коментари