Младеновски и Илирија без решение за лидерот Приморска

ilirija

Кошаркарите на Илирија не ја продолжија победничката серија и по трите славја во низа загубија пред своите гледачи од лидерот Приморска со 87-66.

Гостите беа подобар и поконретен ривал на теренот, добија во своја корист три од четирите периоди што беше доволно за убедливо славје од 21 разлика. Мулалиќ со 19 поени беше најистакнат поединец кај победниците, а пак на спротивната страна Модриќ и Шишко уфрлија по 13 кошеви.

Нашиот Љубомир Младеновски одигра под нивото, постигна 2 поени со 7 скокови.

Facebook Коментари