Поврзете се со нас

АБА лига

Младеновски и Бундовиќ му донесоа победа на Работнички

Објавено

на

blank

Екипата на Работнички се избори за триумф над Хелиос од 67-66 во последниот меч од денешната програма во АБА2 лигата во „балонот“ во Златибор.

Ова беше средба во која решаваа нијанси, среќа, фактори кои беа страна на нашиот претставник за четврто славје во ова натпреварување. Во последната минута двете екипи се обидуваа да дадат кош, ама не успеаа па така како клучни се покажаа поените на Младеновки на 1:15 до крајот.

Тоа за центарот беше 20 поен на кој додаде 14 скокови за дабл-дабл учинок, односно заедно со Бундовиќ кој додаде 21 (плус 6 скока и 4 асистенции) беа најзаслужно за славјето за центарци. Кај клубот од Домжале прв стрелец беше Махковиќ со 16 поени.

Во завршната рунда четата на Мираковски ќе се соочи со Слобода.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни