Младеновски со едно промашување од игра, Илирија во победничка серија

bube slobodni

Екипата на Илирија за која настапува Љубомир Младеновски влезе во позитивна резултатска серија во првенството на Словенија каде вечерва го реши и составот на Златорог Лашко со 88-70.

Ова за четата на Саша Дончиќ беше трета победа во низа, а во истата најпрецизни беа Вончина и Чучовиќ со по 15 кошеви. Младеновски кој полека се враќа во ритам за 12 минути на паркетот реализираше 9 поени (3/5 за еден, 3/4 за два) и 3 скокови.

Илирија по 16 рунди е на 4 место, а следен противник им е лидерот Приморска.

Facebook Коментари